Весна Илова Ташева


Весна Илова Ташева своето средно образование го завршува во ДСМУ „Др. Панче Караѓозов“ во Скопје. Продолжува на студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, на Институтот по дефектологија.
По дипломирањето во 2011 г. се вработува во ПЗУ „Др.Ташев“ Валандово, како советник за лица со попреченост, а воедно и како медицинско лице.
Во 2015 год. волонтира како специјален едукатор и рехабилитатор во Детска градинка „Калинка“ во Валандово, а истата година станува дел од стручната служба во ОУ „Кочо Рацин“ - Дојран, како дефектолог.
Во 2016 г.се вработува во Дневниот центар за лица со попреченост во Валандово, како специјален едукатор и рехабилитатор, каде што и денес работи.
Во 2017 г. е избрана за Потпретседател на Сојузот на дефектолози на југоисточен регион на Р.С.Македонија, а својата дејност ја проширува и како регионален координатор на Југоисточен регион, во Ресурсен центар на родители на деца со пречки во развојот.
Од 2020 -2021 г. се здобива со лиценца за Неурофидбек терапевт во Загреб, Р.Хрватска, со што отпочнува интензивно да се занимава во областа на неурофидбек терапијата за деца и возрасни.